Трите најубави сопруги на српските фудбалери кои го одземаат здивот: „Убиваат“ со својот изглед - не се знае која е поголема бомба

Добивај вести на Viber

Додека српските фудбалери вчеравечер се бореа за опстанок на Европското Првенство кое за жал не го продолжуваат, нивните поубави половини навиваа со сите сили.

Избравме три од најубавите жени на српските фудбалери кои изгледаат како бомба.

Софија Милошевиќ, поранешна манекенка, а сега модна дизајнерка, отсекогаш привлекувала внимание со својот атрактивен изглед и витката фигура. А особено е во центарот на вниманието бидејќи е вљубена во Лука Јовиќ.


Софија е голем поддржувач на Лука во текот на неговата кариера, а редовно го бодри од трибините и со својата убавина ги краси трибините на спортските стадиони.


Софија и Лука Јовиќ со години уживаат во романса, а круна на нивната љубов се синовите Алексеј и Тодор. Иако се верија во 2020 година, нивната венчавка се чекаше долго време. Тие годинава ќе стапнат на лудиот камен, а деталите ги чуваат во тајност.

Кристина Митровиќ со години е позната како една од најубавите жени на српските фудбалери. Сопругата на Александар Митровиќ, најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација едноставно маѓепсува со својата убавина.


Сопругата и мајка на три деца изгледа беспрекорно, а кога ќе го погледнете нејзиниот Инстаграм профил ќе ви стане јасно зошто речиси секоја нејзина фотографија добива грст лајкови и коментари за нејзиниот физички изглед. Гледајќи ги нејзините извајани нозе и стомачни, нејзините следбеници никогаш не би погодиле дека таа е мајка на три деца.

Уште една сопруга на српските фудбалери која блеска и пали со својот изглед е Ана Рајковиќ.

Манекенката која го чека своето трето дете со голманот Предраг Рајковиќ, отсекогаш привлекувала внимание со својот атрактивен изглед и едноставно ги мамела машките воздишки.


Фото: Инстаграм