Триумфално враќање на супермоделот: Легендарната Линда Евангелиста повторно прошета на модната писта
Легендарната Линда Евангелиста оваа година конечно реши да излезе од присилната пензија и откако позираше за насловната страница на британскиот Вог, триумфално ја затвори големата јубилејна ревија на модната куќа Фенди на актуелната модна недела во Њујорк.
Светот се воодушевуваше на нејзината убавина, а пластичните операции ја унакажаа: Славната Евангелиста се враќа во модата како новаЛинда Евангелиста последните пет години од животот ги помина криејќи се од јавноста поради козметички третман кој значително и го наруши изгледот. Откако ја доби правдата на суд во спорот со компанијата Zeltiq Aesthetics, денес 57-годишната манекенка реши да излезе од пензија правејќи го тоа што го прави најдобро.
Лицето го криеше со години, сега прв пат е снимена од блиску: Многумина не можат да престанат да ја гледаат бидејќи ова е чудо! (ВИДЕО)
Враќањето во манекенството по долга пауза Евангелиста го одбележа со снимена кампања за модната куќа Фенди. Со неа ја најави прославата на 25-годишнината од претставувањето на иконската чанта Baguette на септемвриската ревија што се одржа викендов.
Како дел од новото издание на Модната недела во Њујорк, дизајнерката Ким Џонс на чело на модната куќа Фенди подготви ревија за паметење со 57-годишната Евангелиста, која со стил ја затвори ревијата на брендот.
Облечена во впечатлив син тафт фустан на Тифани, Евангелиста се прошета на модната писта во Њујорк исто како во 90-тите.
Дизајнерката Ким Џонс на чело на модната куќа Фенди се погрижи за дополнителна доза изненадување презентирајќи изненадувачка соработка со американскиот дизајнер Марк Џејкобс, играјќи си со дизајнот на иконската чанта Baguette.Фото: Инстаграм screenshot