Турските танчери „Огнот на Анадолија“ во Скопје

Добивај вести на Viber

На 12. март, светската атракција Fire of Anatolia со нивното танцувачко шоу доаѓа во Скопје, во Вип Арената „Борис Трајковски“.

Основен концепт на Fire of Anatolia е спојот на цивилизациите. Тоа е танцов портрет давајќи универзални пораки за мир. Оганот на Анадолија е комбинирање на фолклорни игри со балет, со современи танци и други дисциплини на танц.

Потекнува од митолошката и културната историја на Анадолија, и е уникатен проект кој содржи 3.000 танцови фигури и народна музика, кои се составени од речиси секој регион на Анадолија. Проектот кој е креиран од Мустафа Ердоган има цел да го претстави “Огнот на Анадолија” на целиот свет, кој се заснова на идејата за комбинирање на концептот на "мирот" со културниот и историски мозаик на Анадолија илјада години наназад.

Мустафа Ердоган, кој го направи својот прв чекор кон остварувањето на долгогодишниот сон, во 1999 година, започна интензивни проби кои бараа тешка работа за проектот кој беше познат како "Султани на танцот". Најпрво, биле објавени огласи во весниците, наведувајќи дека "се бараат танчери". 750 луѓе аплицирале. Меѓу 750 луѓе, биле избрани 90 млади луѓе, а потоа започнал тежок работен период кој траел една и пол година. Пробите траеле по 8 часа, а понекогаш и 16 часа на ден.

По изведени 3-4 претстави, почнувајќи од 3 мај 2001 година, било планирано шоуто да биде одиграно и во странство, но бидејќи сите билети за претставата во Турција биле распродадени неколку месеци однапред, одлучено е да се продолжи со шоуата во татковината.

Првата турнеа, турските танчери ја имале во 2002 година, и настапувале од Нов Зеланд па до Америка, од Сибир до Бахреин, од Оман до Јужна Кореја, исто така и во: Германија, Франција, Холандија, Шпанија, Италија, Белгија, Карибите, Мексико, Русија, Кина. До сега ги гледале околу 40 милиони гледачи на кои ќе им се придружи и Македонија.

Билетите пуштени во продажба преку продажните места на КупиКартиЗаСе по цени од 300 до 800 денари. Настанот го организира „Прагма“ продукција.