ТВ-готвачот Енотни Бордејн пронајден мртов во хотелска соба!
ТВ-готвачот Ентони Бордејн извршил самоубиство, соопшти CNN. Имаше 61 година.
Неговиот близок пријател Ерик Рипер, француски готвач, го пронашол Бордејн, мртов, во хотелската соба во петокот наутро. Се потврдува дека причината за смртта е самоубиство, но нема дополнителни детали.
Ентони Бордејн, готвач, раскажувач, писател и гастрономичен писател, почина на 61-годишна возраст.
Си-Ен-Ен потврди дека Бордејн почина во петокот и дека причината за смртта била самоубиство.
„Со огромна тага ја потврдуваме смртта на нашиот пријател и колега, Ентони Бордејн", пишува во соопштението на Си-Ен-Ен, за кои тој правеше одлична кулинарска емисија. „Неговата голема љубов за авантури, нови пријатели, добра храна и пијалоци и впечатливи приказни од целиот свет го направија уникатен раскажувач. Неговите таленти нè фасцинираа и ќе ни недостига многу ".