Убав на вујче: Внукот на Тоше е момче со рок стил

Добивај вести на Viber

Со песната „We Are Blood“, која е со емотивна посвета на неговиот вујко, Кристијан Ристески за првпат настапи пред многубројната публика, на концертот посветен на Тоше Проески, во петокот, во ВИП Арената. Автор на рок-баладата која доби позитвни критики од јавноста е англискиот продуцент Енди Рајт, автор на хитовите на Тоше од англискиот албум „The Hardest Thing.“ 

Кристијан е младо момче со супер стил. Судејќи по јавните појавувања, но и по неговите фотки на социјалните мрежи, тој е претпознатлив по својата секогаш средена фризура и едноставни модни комбинации во рок фазон.

На концертот, каде настапи пред фановите на својот сакан вујко Тоше, Кристијан носеше откошчана маслинеста кошула со интересни стикери и маичка под неа, тесни фармерки и патиките кои се хит оваа сезона- Vans.

Сличен стајлинг избра и за видео-записот на песната посветена на Тоше. Карирана кошула со маичка под неа и искинати фармерки, со патики.


Исто како вујче Тоше, Кристијан е убаво момче кое ги освојува женските срца.

„ Знам дека вујко ми би ми кажал дека песната е многу убава. Најважно е што е во рок стил, кој на него многу му се допаѓаше“, вели Кристијан кој студира музика на Универзитетот ЕСРА. За настапот на концертот, тој додава: “Секогаш кај мене има малку возбуда и трема, но не како онаа кога ја имав кога настапував пред шест-седум години“. 

Д.К.