„Убавината не жените станува проблем само во два случаи: кога ја нема и кога не постои ништо друго освен убавина“: Моника Белучи

Добивај вести на Viber

Моника Белучи, една од најубавите жени во светот ги почитува важните работи, повеќе од парите и славата. Вели дека се чувствува удобно во своето тело, но не затоа што е убава туку затоа што е сакана и има прекрасно семејство. Оваа прекрасна дама има 54 години и вели дека токму сега е исполнета и посреќна отколку кога била млада девојка. За неа велат дека е како добро вино, што постара, толку подобра. Ја прогласија за една од најубавите и најсексапилните жени на светот. Родена е во италијанското село Cita di Castelo, а кариера на модел почнала да ја гради на 16 години. Единица е. 


Татко и работел во транспортна фирма, а мајка и се занимавала со цртање. Во светот на модата тргнала по инсистирање на пријател на нејзините родители, кои не можеле да и се нагледаат на нејзината убавина. Моника всушност не сакала да биде актерка ниту модел, но животот имал поинакви планови за неа. Сакала да биде правничка, па се запишала на Правен факултет и учела шпански, француски и англиски, а работата на модел и служела како би го финансирала школувањето. Меѓутоа, со својата појава привлекувала толку внимание што кариерата и се вивнала нагоре многу брзо. Агенцијата Елит ја повикала да се пресели во Милано, а Моника го направила тоа во 1988 година. Соработувала тогаш со непознатите креатори Доминик Долче и Стефан Габана и станала заштитно лице на брендот Dolce & Gabbana. Тргнала во актерските води и станала мега популарна.Иако станала многу славна и богата, тоа не и го поматило умот. Во еден разговор за Би Би Си рекла: „Се чувствувам добро и комотно во своето тело, но не затоа што сум убава. Познавам многу убави луѓе, но нивните животи едноставно се ужасни. Многу се несигурни во себе. Среќна сум што сум сакана и што имам прекрасно семејство“. Животно вредните работи за неа се поважни од славата и богатството, а на тоа ги учи и своите две ќерки. Издвоиме неколку нејзини одлични цитати:


  • Жената може да сака, како никогаш да нема да замине. Но, може да дојде и таков ден кога ќе замине како никогаш да не сакала.
  • За мене да се стане постара, значи да се стане подобра.
  • Убавината не жените станува проблем само во два случаи: кога ја нема и кога не постои ништо друго освен убавина.
  • Што ќе правам кога ќе остарам и кога мојот одраз во огледало веќе нема да ме прави весела? Исто што правеше и мојата мајка. Нема да се гледам себе во огледало, ќе ги гледам своите деца
  • Секогаш им кажувам на младите девојки: „Научете да го сакате своето тело“, бидејќи совршенство не постои и сосема е јасно дека жена со облини не е помалку убава од витка девојка. Едноставно, треба да научиме да се прифатиме себе, онакви какви што сме.
  • За ништо на светот не би сакала повторно да имам 20 години. Посреќна сум сега, кога сум стара. Во тој период се запознавам себе, се обидуваме да разбереме што сакаме да бидеме, страдаме од несигурност.
  • Луѓето можат да му простат на човек памет, дури и талент, но убавина и успех -никогаш.
  • Нема потреба да ги мразите завидливите луѓе, тие сами признаваат дека си подобар.
  • Убавината станува поизразена и интересна кога е покриена со облека.
  • Женственост, тоа е склад, природност и сензуалност