(ВИДЕО) Училиштата празни - децата на журка: Како помина 1 септември во Македонија?

Добивај вести на Viber

Многу земји во Европа, меѓу кои и соседна Србија, Франција, Белгија, Германија, како и Израел вчера започнаа со првиот училишен ден од почетокот на пандемијата.

Тоа не важеше и за учениците во земјава.

За нив вчера беше еден обичен ден за забава, без почитување на мерките за заштита од Ковид-19. 

Министерот за здравство Венко Филипче и новата министерката за образование и наука Мила Царовска имаа заедничка прес - конференција на која истакнаа дека истата ќе започне на 1 октомври, а министерката Мила посочи дека општините, директорите на училиштата, како и наставниците треба детално да ги разгледаат протоколите за работа.

„И покрај епидемијата, ќе имаме успешна и сигурна учебна година која ќе започне на 1 октомври“ - посочи министерката за образование и наука Мила Царовска.


Видеото од забавата може да го погледнете ОВДЕ