Учителка шокирана од правописот на Трамп, во средно би добил едвај двојка!
Ивон Мејсон, пензионер од Атланта којa 17 години работелa како учителка, се обрати си писмо до Белата куќа, по повод масакрот во училиштето во Флорида. Кога и стигнало писмото од претседателот Трамп, таа била шокирана - не од содржината, туку од нивото на неписменост.
Како поранешен учител на англиски јазик, во писмото на Трамп, ги корегирала граматичките грешки и го испратила назад во Белата куќа. Не ставила оценка, но им порача на американските медиуми дека е едвај задоволувачки за средношколските стандарди.
Таа, исто така, претпоставува дека писмото не го компонира Трамп лично, туку служба во Белата куќа.
„Кога ќе добиете писмо од највисоките нивоа на владата, се очекува да биде најмалку технички исправно", заклучува г-ѓа Мејсон, додавајќи дека се забележани печатни грешки на големи и мали букви на зборовите кои Белата куќа секојдневно ги употребува,како што се „претседател" и „држава" на 11 места.
Сепак, треба да се напомене дека ни Трамп не е најдобар со правописот кога лично пишува на Твитер, иако често се правда дека тоа го става во брзина и под импресии.