УНИБанка во соработка со Mastercard ја додели големата награда автомобил - Hyundai Venue
На
20 септември во Бизнис Центарот на УНИБанка во Скопје, во присуство на надлежен
Нотар Анита Адамческа, претставник од Маркетинг агенција КИВИ - Андреа Стојановска и претставници од УНИБанка:
Катица Кузманоска - Директор
на Дирекција Банкарство за население и Александра Накова-Парнарџиева - Директор на Дирекција Картично работење,
кои се погрижија за регуларноста, беа извлечени добитниците на наградите од големата
наградна игра на УНИБанка во соработка со Mastercard
„Плаќај со стил и добиј автомобил“.
Пет електрични тротинети, три мобилни „Phone 13“ телефони и главната награда, најновиот Hyundai Venue, со сигурност ќе им ја направат незаборавна 2022 година на деветтемина клиенти на банката, кои од 1 јуни до 31 август извршиле трансакција од најмалку 1.000 денари со својата дебитна или кредитна Mastercard картичка од УНИБанка.
Среќа имаа да бидат извлечени: Аце Деспотовски од с.Новаци, Битолско кој воедно беше најсреќниот и главната награда автомобил Hyundai Venue му се падна токму нему.
Среќните добитници на “Phone 13” се Ивана Куфалова од Скопје, Љубица Станкова од Радовиш и Борче Марковски од Битола. Со електричен тротинет се здобија петмина и тоа Маја Бошковска од Струга, Дарко Атанасовски од Скопје, Ивана Чапова од Радовиш, Фатмир Синаноски од Крушево и Шукри Ахмедов од Струмица.
УНИБанка им честита на добитниците за освоените награди!
ПР објава