Моден фокус // Трендови
Уникатни #coupletattoos за модерни парови
На социјалните мрежи се повеќе се актуелни тетоважите за парови наречен #coupletattoos.
Можеби за некого овој тренд е апсолутно неприфатлив со објаснување дека тоа не е гаранција дека парот ќе остане заедно, но сепак оние кои се одлучија на овој чекор, сметаат дека овој тренд е романтичен.
Изворно идејата е постара, односно потекнува од замената на бурмите со тетоважа околу прстите, но сега идеите за искажување на љубовта кон партнерот се поинвентивни и креативни. Доколку размислувате да направите заедничка промена со саканата личност, ние ќе ви понудиме интересни идеи за заедничка тетоважа.