УПИСИТЕ НА СКОПЈЕ МЕТРОПОЛИТЕН КОЛЕЏ СЕ ВЕЌЕ ВО ТЕК

Биди и ти дел од престижниот Лондон Мет и стекни се високо вреднувана британска државна диплома

За прв пат досега, македонски студенти имаат можност да студираат и да се стекнат со британска државна диплома и тоа во Скопје. Преку соработката на Скопје Метрополитен со престижниот Лондон Метрополитен Универзитет сега можете да се стекнете со светски највредната диплома.

Уписите се веќе започнати, а сите заинтересирани лица кои сакаат да бидат дел од првата генерација македонски студенти на Лондон МЕТ, имаат можност преку врвен образовен процес, скроен по британски терк, да се стекнат со врвно знаење и експертиза и да учат под менторство на реномирани светски професори. Бидете дел од успешната приказна на многу студенти ширум светот.

London MET е реномирана високообразовна институција со седиште во Лондон. Традицијата, квалитетот на студиите, како и извонредноста на наставата го прават светски реномиран универзитет и избор на секој иден студент ширум светот. Студиските програми вклучуваат активности кои ја стимулираат интелектуалната љубопитност, имагинацијата и рационалното размислување, а главен акцент се става на стекнување на практични вештини и едукација преку богатата библиотека на книги и трудови од сите реномирани лица кои се вклучени во процесот на Лондон Мет. Дипломата стекната на Лондон MET е високовреднувана и препознаена ширум светот. За тоа сведочат и огромниот број студенти, кои по завршувањето на студиите станале дел од реномирани светски компании.

Поради ситуацијата со КОВИД-19 оваа година сите студенти ќе можат да ја следат наставата онлајн, а веќе од наредната година доколку работите се вратат во посакуваната нормала, наставата ќе продолжи на кампусот кој е веќе во подготовка.

За повеќе информации околу студирањето на Лондон Мет во Скопје посетете ја страната www.skopjemetropolitan.edu.mk или јавете се на 023140004