Уредите за носење на Huawei сега се целосно интегрирани со Strava

Добивај вести на Viber

Huawei објави дека сега е возможно да се префрлаат и синхронизираат податоците од HUAWEI Health на апликацијата Strava. Ова значи дека секој корисник на уред за носење на Huawei може да ги префрли своите податоци на профилот на Strava, и да ги користи многуте функции и поволности за следење на активностите за корисниците на оваа апликација.

Од денес, сите тековни податоци и резултати од различните спортови што се практикуваат, следени преку HUAWEI Health, како и деталните информации за активностите, сега можат беспрекорно да се префрлаат на профилот на корисникот на Strava. Тоа, исто така, значи дека корисниците на Strava ќе имаат корист од многуте карактеристики на уредите за носење на Huawei, вклучувајќи долго траење на батеријата и прецизни податоци за следење, благодарение на водечката технологија TruSeen™ и мултисистемската GNSS технологија со двоен опсег.

Поврзувањето е достапно низ Европа, вклучително и на македонскиот пазар, и е компатибилно со сите уреди за носење на Huawei, како и најновите часовници HUAWEI WATCH GT3 Pro и HUAWEI GT Runner.

Генералниот менаџер на Huawei Consumer Business Group за Бугарија и Северна Македонија, Лиу Ганг-Скофилд, изјави: „HUAWEI Health продолжува да биде наша главна платформа за прецизно следење на здравјето и фитнес активностите на корисниците на уреди за носење од Huawei. Запознаени сме со популарноста на Strava и особено со нејзината инклузивност и можности за споделување информации.Затоа нѝ е драго што ќе им понудиме на нашите корисници избор и флексибилност, истовремено и на корисниците на Strava пристап до сите функции што ги имаат уредите за носење на Huawei. Среќни сме што ќе направиме уште еден позитивен чекор напред во градењето силна заедница фокусирана на здравјето и добросостојбата ширум светот“.

Како да ја синхронизирате HUAWEI Health со Strava:

  1. Отворете ја апликацијата HUAWEI Health
  2. Кликнете на „Me“
  3. Повлечете надолу и одберете „Privacy Management”
  4. Одберете „Data sharing and authorisation“
  5. Кликнете на „Strava“
  6. Потоа „Connect with Strava“
  7. Ќе бидете пренасочени на веб-страницата на Strava каде што ќе треба да ги внесете деталите за вашиот профил и да се најавите
  8. Дозволете HUAWEI Health да се поврзе со Strava со бирање „Authorize“

За повеќе информации посетете ја веб-страницата на Huawei.

За HUAWEI Health

Апликацијата HUAWEI Health ја следи вашата активност во над 100 различни спортови, од почетни до напредни нивоа. Без разлика дали почнувате со вашето фитнес искуство, го следите вашето здравје или управувате со вашите паметни уреди - HUAWEI Health го нуди она што го барате. Ова е вашиот интегриран советник за здравје и фитнес. Вашите податоци се приватни или може да се споделат со пријатели - зависи од вас. Најновите здравствени и фитнес карактеристики се сигурни и лесни за употреба. HUAWEI Health+ е достапна и преку претплата за оние кои бараат платформа со дополнителни функционалности.

ПР објава