Уште една Биркин чанта продадена за вртоглаво висока сума
Половната Биркин чанта модел Himalaya Niloticus Crocodile Diamond Birkin 30 на аукција одржана во Лондон е продадена по цена од 217,144 долари.
Моделот е изработен во 2008 година. Чантата е украсена со бело злато и дијаманти, изработена од крокодилска кожа, широка 30 сантиметри и добро зачувана.
Апсолутен рекорд во продажба на Биркин чанта е поставен минатата година во Хонгконг и тоа за сума од 382,000 долари, а од аукциската куќа „Кристи“ не откриваат кој е купецот на чантата, иако не е тешко да се поверува дека станува збор за колекционер на Биркин чанти.
Најевтината чанта чини околу 8, 000 долари и за нејзина изработека се чека по неколку месеци. Биркин чантите се омилен избор на моден додаток на познатите ѕвезди кои сметаат дека овој аксесоар дополнително го потврдува нивниот статус во општеството.