Уште една кралска свадба наскоро

Добивај вести на Viber

Братучетката на принцот Хари, принцезата Јуџини, на 12 октомври ќе се венча со Џек Бруксбанк. 

Свадбата ќе се одржи во капелата Сент Џорџ во Виндзор, истата локација кадешто се венчаа Хари и Меган.

Свршеничкиот прстен на Јуџини е од жолто злато, со розов сафир и со помали дијаманти околу него. Таа и Бруксбанк заедно го дизајнирале прстенот, кој изгледа многу слично на прстенот што нејзиниот татко, принцот Ендрју, ѝ го дал на нејзината мајка, Сара Фергусон, во 1986 година.

„Се запознавме на скијање во Швајцарија, јас имав 20 години, а Џек имаше 24 и се заљубив”- изјави принцезата.

Бруксбанк, поранешен менаџер на ноќен клуб, ја побарал принцезата за жена на почетокот на јануари за време на патувањето во Никарагва, но немал прстен кога клекнал пред неа.

Тие се заедно седум години.