Уште една недела до гостувањето на Шон Пол: Само денес билети по промотивни цени
До најголемиот музички настан кој ќе го одбележи ова лето, концертот на јамајканскиот музичар и добитник на Греми, Шон Пол, остана уште една седмица. На седум дена до дружбата со една од најактуелните светски ѕвезди, организаторите од Fusion production одлучија да приредат уникатна можност - изненадување кое ќе важи само денес (16ти август).
Билетите кои се пуштени во продажба само денес ќе може да се купат по претпродажна цена и чинат: 1.100 денари за партерот, 1.600 денари за фан питот, ВИП влезница чини 2.200 денари, додека оние за ултра ВИП делот се 6.900 денари, а веќе од утре истите ќе се продаваат по редовните цени и ќе чинат: 1.500 денари за партерот, 2.100 за фан питот, ВИП влезница ќе чини 2.700 денари, додека оние за ултра ВИП делот ќе се 8.500 денари. Ова се всушност влезници во ограничена количина и се со ексклузивен 'meet and greet' настан по концертот, каде фановите ќе може да се запознаат со Шон Пол и да уживаат во коктел забава, која ќе биде организирана на највисоко ниво. На денот на концертот, 23 август, ако воопшто има влезници истите ќе бидат со повисока цена, затоа не пропуштајте ја можноста навреме да си обезбедите билет за настапот на сопственикот на најактуелните светски хитови, познат по соработките со Бијонсе, Дуа Липа, Сиа, Дејвид Гета...
Шон Пол во Скопје доаѓа во склоп на летната турнеја и со својата комплетна 17-члена екипа која вклучува бенд, техничка поддршка, како и неговите dancehall танчарки, чиј уникатен стил на танцување дополнително ќе ја вжешти оваа и онака врела августовска вечер.
Домашна поддршка, односно за загревање на атмосферата пред на сцената да застане Шон Пол, ќе ве забавуваат популарните SHORTY P и IRIE SCRATCH, како и уникатниот ТАЈЗИ.
Не пропуштајте ја единствената можност да бидете дел од ексклузивниот музички спектакл во регионот, на 23 август на Стадион АРМ во 20 часот.