„Уште си дебела“: Сека Алексиќ во свој стил се пофали дека ослабела, а потоа со ова ги насмеа сите

Добивај вести на Viber

Пејачката често се шегува на своја сметка поради големата љубов кон храната

Сека Алексиќ е многу активна на сите социјални мрежи, а со своите коментари често ги насмева своите фанови до солзи. Пејачката не ја крие љубовта кон храната, а отворено зборува за борбата со вишокот килограми.

Овој пат таа објави видео на Тикток и се пофали дека ослабела, а потоа додаде „се уште  дебела“.

„Боже, се чувствувам толку добро кога ќе ослабам, само би се фотографирала и снимала. Изгубив 3,5 килограми, а тоа е како да симнав 30. Веќе мислам дека можам да се појавам во бикини. Добро, ајде, да не се залажувам. Уште сум дебела“, си зборуваше таа сама додека се гледаше во огледало.

<blockquote class="tiktok-embed" cite="https://www.tiktok.com/@seka_aleksic/video/7395982574612532486" data-video-id="7395982574612532486" style="max-width: 605px;min-width: 325px;" > <section> <a target="_blank" title="@seka_aleksic" href="https://www.tiktok.com/@seka_aleksic?refer=embed">@seka_aleksic</a> <a title="sekaaleksic" target="_blank" href="https://www.tiktok.com/tag/sekaaleksic?refer=embed">#sekaaleksic</a> <a target="_blank" title=" original sound - Seka Aleksić" href="https://www.tiktok.com/music/original-sound-7395982583854402310?refer=embed"> original sound - Seka Aleksić</a> </section> </blockquote> <script async src="https://www.tiktok.com/embed.js"></script>

Да потсетиме дека пејачката неодамна сподели дека го слушнала разговорот на две собарки во хотелот во кој престојувала.

„Денеска влегувам во собата и правосмукалката е вклучена во ходникот и собарките зборуваат гласно за да се слушнат, а не знаат дека влегов во собата. И почнуваат вака: „Дали ја виде Сека Алексиќ? Колку е убава и згодна. Секоја чест за неа, но и нејзината соба е уредна, колку е педантна“, а другата вели: „Како мислиш убава и згодна? Ние сме поубави и позгодни од неа. Сето тоа е оперирано“, ја раскажа ситуацијата Сека, а потоа додаде:

„Мислам, госпоѓо, да ме оперираат, знаете каква мачка ќе бев... А не цел живот гладна и дебела. По неколку секунди се подготвив и излегов од собата и реков: „Добар ден, како сте?“, а двете само рекоа: „Добар ден“, низ смеа заврши пејачката.


Фото и Видео: ТикТок