Цело семејство усогласено, а капут- фустанот на Кејт Мидлтон е полн погодок: Многу потсетува на принцезата Дијана
Велигденскиот стајлинг на војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон зрачи со елеганција видена само во кралските кругови
Кралското семејство присуствуваше на велигденската богослужба во капелата во замокот Виндзор, а ова е една од ретките прилики да се видат заедно принцот Џорџ, принцезата Шарлот и нивните родители. Имено, децата од избувнувањето на пандемијата на коронавирус често остануваа дома, но мора да направат исклучок за важни датуми.
Очигледно решиле сите да бидат модно ускладени, па Џорџ и принцот Вилијам носат слични костуми и кошули, додека Кејт Мидтон и Шарлот се во светло сини фустани.
Војвотката од Кембриџ за оваа пригода избра капут-фустан со потписот на Емилија Викстед, парче кое веќе го носеше во 2017 година. Станува збор за парче чиј горен дел ја следи фигурата, додека се шири од половината нагласена со тенка лента во вид на плисирано здолниште.
Ова многу шик парче Кејт го надополни со светло сина плико-чанта од брендот Еми Лондон, малку потемно син фасцинатор и салонки Еми Лондон во истата нијанса. Таа сè зачини со многу ефективни бисерни обетки, кои ја истакнаа елеганцијата на оваа комбинација.
Како што пишуваат британските медиуми, Кејт со оваа облека сакала да ѝ оддаде почит на покојната принцеза Дијана, мајката на принцот Вилијам, која пред речиси 40 години во Канбера се појави во слична кошула-фустан од идентични нијанси.
Фото: Профимедиа