Утрински ритуали на познатите: 15 минутна утринска рутина на Роси Хантингтон Вајтли

Добивај вести на Viber

Утринското време, кое го имате пред да излезете да се соочите со светот, е најдрагоценото кое го имате во текот на цел ден. Денот ќе ви изгледа онака како што ќе го започнете. Потребно е да се воведе некој вид на рутина и работи кои треба да ги извршите пред да одите на работа/школо/факултет. Продуктивноста која ќе ја пружите тој ден ќе зависи од вашата утринска рутина. Иако можеби тоа ви изгледа како работа на која не треба да давате премногу акцент или знаење, верувајте ни на зборот кога ви велиме дека без основната утринска рутина, никогаш нема да извлечете 100% од својата продуктивност, креативност и амбиции! Поради тоа, така барајќи најоптимално решение за продуктивноста на сите вас, ви претставуваме утрински ритуали на успешни жени ширум планетата - како би успеале да ви пренесеме како тие го почнуваат денот и што ги тера да се „нурнат“ во тој креативен ден. 

Ви го претставуваме утринскиот ритуал на Роси Хантингтон Вајтли  
Супермодел, деловна жена и мајка, Рози Хантингтон-Витни е зафатена жена. Па, како таа успева да изгледа професионално - без помош на професионалци - беше мистерија ... до сега. Како што таа кажува за Vogue: „Како модел во последните 16 години, имав среќа да работам со некои од најдобрите во индустријата.“
Од румените јаболчници до совршените брановидни веѓи, Хантингтон-Вајтли открива како го добива тој природен, свеж сјај - за само 15 минути секое утро.

Прекрасната манекенка и актерка порано изјави како нејзината утринска рутина е многу едноставна, а е потребно да „активирате“ само една работа-својата нежност. Таа своето утро го започнува со бакнежи и прегратки покрај партнерот Џон Статам, потоа на ред доаѓа прошетка на нејзините кучиња, а после тоа подготовка на доручек. 

„И додека останатите луѓе тргнуваат кон својата канцелариска фотелја, јас веќе сум го испила својот зелен, цеден сок, и сум отишла да ми ја средат шминката и фризура тазе за снимање. Во текот на тој процес на разубавување одговарам на мејлови, ги следам социјалните мрежи и читам новости во дигитални изданија“, рекла прекрасната манекенка.

Сепак, од неодамна Роси е и мајка на синчето Џек Оскар Статам, па нејзините утрински ритуали се измениле.
  

Погледнете ја нејзината 15-минутна утринска рутина за совршен изглед:


Утрински ритуали на познатите: Како изгледа едно утро на Викторија Бекам