Утрински ритуали на познатите: Правила на Синди Крафорд кои одземаат години

Утринското време, кое го имате пред да излезете да се соочите со светот, е најдрагоценото кое го имате во текот на цел ден. Денот ќе ви изгледа онака како што ќе го започнете. Потребно е да се воведе некој вид на рутина и работи кои треба да ги извршите пред да одите на работа/школо/факултет. Продуктивноста која ќе ја пружите тој ден ќе зависи од вашата утринска рутина. Иако можеби тоа ви изгледа како работа на која не треба да давате премногу акцент или знаење, верувајте ни на зборот кога ви велиме дека без основната утринска рутина, никогаш нема да извлечете 100% од својата продуктивност, креативност и амбиции! Поради тоа, така барајќи најоптимално решение за продуктивноста на сите вас, ви го претставуваме утринскиот ритуал на една од  најуспешните жени ширум планетата- Синди Крафорд, како би успеале да ви пренесеме како успешните жени го почнуваат денот и што ги тера да се „нурнат“ во тој креативен ден. 

Утринскиот ритуал на Синди Крафорд - една од најпознатите супер манекенки од осумдесеттите и деведесеттите години

Жената која ја одбележа светската мода откри дека нејзините ритуали за убавина вклучуваат: добра нега, диета, физичка активност, позитивен став кон животот и големо „не“ на пластичните операции. Таа редовно користи дневен и ноќен крем и серуми. Синди, исто така е голем обожавател на маски за нега на кожата и креми со заштитен фактор. А пред некој ден покажа и дека изгледа одлично без шминка.

-Секој ден го започнува со пијалак кој е полн со разни витамини
„Сакам да правам пијалоци и ги испробав сите можни варијанти. Деновиве, мој омилен е оној со спанаќ, бадемово млеко, половина банана, протеин во прав, какао и свежо нане“ - открива Синди Крафорд.

- Користи заштитен фактор за кожа

Ја штитам кожата од сонцето - секогаш! Тоа е најважниот чекор во рутината за убавина и го препорачувам на сите. Кога сум на плажа секогаш носам капа и седам под чадор. Кожата навистина го памети тоа! Користете (SPF) заштитен фактор!“

-Медитација и опуштање

Кога се обидувам да се опуштам, успевам со утринска медитација. Не го правам тоа онолку колку што би сакала, но нешто е подобро од ништо. Јас исто така сакам сауни, и 30 минути во сауна со книга прави чуда за мене. После тоа, јас навистина се чувствувам како нова жена.

Прочитајте и:

-Утрински ритуали на познатите: Како изгледа едно утро на Викторија Бекам
-Утрински ритуали на познатите: 15 минутна утринска рутина на Роси Хантингтон Вајтли
-Утрински ритуали на познатите: Како Ана Винтур го почнува денот за да и биде успешен?
-Утрински ритуали на познатите: Благодарение на овој производ Хајди Клум ужива во вечна младост
-Утрински ритуали на познатите: Меланија Трамп ја открива својата рутина за убава и сјајна кожа