Утрински ритуали на познатите: Како Ана Винтур го почнува денот за да и биде успешен?
Утринското време, кое го имате пред да излезете да се соочите со светот, е најдрагоценото кое го имате во текот на цел ден. Денот ќе ви изгледа онака како што ќе го започнете. Потребно е да се воведе некој вид на рутина и работи кои треба да ги извршите пред да одите на работа/школо/факултет. Продуктивноста која ќе ја пружите тој ден ќе зависи од вашата утринска рутина. Иако можеби тоа ви изгледа како работа на која не треба да давате премногу акцент или знаење, верувајте ни на зборот кога ви велиме дека без основната утринска рутина, никогаш нема да извлечете 100% од својата продуктивност, креативност и амбиции! Поради тоа, така барајќи најоптимално решение за продуктивноста на сите вас, ви претставуваме утрински ритуали на успешни жени ширум планетата - како би успеале да ви пренесеме како тие го почнуваат денот и што ги тера да се „нурнат“ во тој креативен ден.
Денес, ви го претставуваме утринскиот ритуал на Ана Винтур
Првата работа која Ана ја прави наутро кога се разбуди (а тоа е во 5 часот!) е да оди на партија тенис! Ана го обожава тој спорт и не може да го замисли својот ден доколку не одигра барем еден час на тениските терени. Потоа следна работа која ја прави е да се врати во својата куќа каде следува брзинско подготвување за работа. По туширање, фенирање и облекување, Ана заминува до својата канцеларија во "One World Trade Center" и го започнува својот ден со Starbucks кафе. Потоа следи „серија предолги состаноци“, а под предолги Ана подразбира на секој состанок кој и одзема повеќе од 7 минути драгоцено време.
Утрински ритуали на познатите: 15 минутна утринска рутина на Роси Хантингтон Вајтли