Утрински ритуали на познатите: Меланија Трамп ја открива својата рутина за убава и сјајна кожа
Утринското време, кое го имате пред да излезете да се соочите со светот,
е најдрагоценото кое го имате во текот на цел ден. Денот ќе ви изгледа
онака како што ќе го започнете. Потребно е да се воведе некој вид на
рутина и работи кои треба да ги извршите пред да одите на
работа/школо/факултет. Продуктивноста која ќе ја пружите тој ден ќе
зависи од вашата утринска рутина. Иако можеби тоа ви изгледа како работа
на која не треба да давате премногу акцент или знаење, верувајте ни на
зборот кога ви велиме дека без основната утринска рутина, никогаш нема
да извлечете 100% од својата продуктивност, креативност и амбиции!
Поради тоа, така барајќи најоптимално решение за продуктивноста на сите
вас, ви претставуваме утрински ритуали на успешни жени ширум планетата -
како би успеале да ви пренесеме како тие го почнуваат денот и што ги
тера да се „нурнат“ во тој креативен ден.
Денес, ви го претставуваме утринскиот ритуал на првата дама на САД, Меланија Трамп
Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп има 50 години
и изгледа одлично, овие убави резултати таа ги постигнува со комбинирање на
вежби со соодветна исхрана.
Дел од нејзиниот успех се должи на стилистите кои и ги избираат на
најправилен начин аутфитите со кои се појавува на јавни настани.
Исто така, таа не се опушта и поминува многу време
на тренинг во салата на Белата куќа. Првата дама на САД сака да вежба пилатес.
Дури и кога не е физички активна, но е зафатена со своите должности, таа оди со
посебни тегови на нозете. Шармантната сопруга на Доналд Трамп исто така сака
тенис и често игра на нејзиниот приватен терен во Флорида.
Покрај редовниот тренинг, Меланија посветува
големо внимание на производите што ги јаде. За појадок, првата дама пие смути
од овошје. Но и во текот на денот јаде седум парчиња овошје. Иако е поддржувач
на здравата исхрана, сопругата на американскиот претседател признава дека сака
диетална кока кола и пилешко со сос од домати и моцарела и понекогаш си ги дозволува.
А кога треба да си го задоволи гладот, јаде парче чоколадо, затоа што понекогаш
на организмот му треба и овој производ.
Шминката е исто така многу важен дел од изгледот на
Меланија. Во Белата куќа, таа има просторија опремена со специјално подесено
осветлување кое и овозможува на вистинскиот начин да ја нанесе шминката. Таа
поминува 75 минути секое утро на оваа постапка.
Исто така, таа многу се грижи за нејзината кожа.
За да ја задржи хидрирана и сјајна, таа користи креми со витамини А, Ц и Е.
Кога не е активна, таа строго се придржува кон
највредниот совет што го добила од нејзината мајка - да се опушти. "Кога
се грижите за себе, можете да се грижите и за другите. Мора да имате време да
се опуштите. Добро е и за умот и за кожата", истакнува г-ѓа Трамп.
Извор: jenata.blitz.bg