Утрински ритуали на познатите: Благодарение на овој производ Хајди Клум ужива во вечна младост
Хајди Клум, 46-годишна германска ТВ водителка,
актерка и супермодел, ги сподели нејзините мали тајни, благодарение на кои
успева да изгледа толку добро и да ја зачува својата младост.
Едно од производите кои што ги користи за нејзината
убавина е достапно и чини буквално стотина денари.
Во интервјуто за британскиот магазин „Elle“,манекенката рече дека редовно го мие лицето со шампон за бебиња.
Според неа, шампонот се покажал како многу
ефикасно средство за заштита, а особено за кожата на лицето.
Клум признава дека според стандардите на индустријата
за убавина, таа многу малку време троши на шминка - само околу 15 минути.
Таа ги користи само основите: пудра за лице,
маскара за волумен и виткање на трепките и конечно - малку руменило и гел за
веѓи.
Покрај тоа, секое утро убавицата, која е мајка на
четири деца, пие свежо смути во кое има додадено специјални витамини со додатоци
за нокти, коса и кожа. И, се разбира, таа никогаш не заборава да тренира.
"Не постои систем на мојот тренинг. Поради
мојот животен стил, нема шанси! Затоа не можам да си дозволам да пропуштам да
трчам на траката за трчање дома", вели ѕвездата.
Извор: jenata.blitz.bg
Утрински ритуали на познатите: Како Ана Винтур го почнува денот за да и биде успешен?