Утринско Франк кафе со Александар Тарабунов: Ме водат спонтаните идеи

Денот ми започнува со туш, миење заби и потоа сакам да си направам кафе. Не пијам често кафе од сабајле, но кога пијам сакам да уживам во него и често го пијам во комбинација со Крушевски локум. Ако сум слободен и немам обврски, знам и да излезам и кафето да го испијам некаде низ градов со пријателите. 

Мотивацијата ја наоѓам секојдневно во сѐ што ме опкружува позитивно, и често ми се случува една спонтана идеја што ќе ми светне од нигде никаде, да ме однесе некаде каде што не сум ни замислувал дека може тоа да се случи. 

Дневните обврски се различни секојдневно дали е тоа обврските во Македонската опера и балет, снимање во студио, компонирање по дома, настапите низ цела Македонија кои се постојани, спортување, готвење, дружење со пријатели. Тоа е моја приватност и не би сакал да кажам со кого ја минувам вечерта. Книгата смирува многу и знам понекогаш да седнам да читам а и да гледам добар филм.