Утринско Франк кафе со Ана Бунтеска: Хедонизам наместо будење

Повеќе сум за утрински чај отколку за кафе. Можеби затоа што кафето ми претставува посебен ритуал. Мирисот, вкусот.. има цела една приказна во тоа. Токму поради тоа, терсене сум и многу пребирлива кога се работи за тоа какво кафе пијам. Го обожувам она на Франк, чија арома не ми е за будење, туку за чист хедонизам. Со кого? Само со луѓе со кои можам со иста леснотија и да молчам и да зборувам.

Моите дневни планови и обврски? Од каде да почнам? Будење дете (ме „убива“ тинејџерството), па спремање и носење на училиште, брукање на Нина кога викам од автомобил „те сакааааааааааааааам, убав ден да имааааааааш“, потоа на работа (Берза), па втора смена кога сум такси за разнесување на музичко, англиски, компјутери, вечера и муабетење за денот кој минал и на крај пишувањето. Активностите кои се во меѓувреме како пазарење, плаќање сметки и останати ситници, не ги ни бројам.

Ме мотивира се. Животот, љубовта, луѓето, идеалите, целите. Сето она што ми е двигател за да создавам и да се борам.

Денот ми завршува со ќерка ми. Е, таа ми е животната инспирација. Одвреме навреме кафе со пријателите и време кое е само мое. Книги читам постојано. На кафе кога седнувам сама, додека чекам дете од активности, навечер. Филмови....ех, некако губам трпение за гледање филм, иако некогаш знам да се загледам и (замислете) да не го гледам како да е серија.