Утринско Франк кафе со Борис Какуринов од „Дупер“: Сакам квалитетно да си поседам дома

Добивај вести на Viber

Првото утринско кафе го пијам најчесто со тој што е дома кога ќе се разбудам. Ако нема никој, ништо чудно и да го скокнам. 

Најмногу ме мотивира инстиктот. Блиско второ место е семејството, па другарите.

Факултетот ми е главната дневна обврска, но попатно завршувам уште мал милион работи: семејни, домаќински, бендовски, професионални итн. 

Најчесто вечерта ми завршува со некакво излегување, затоа што сакам да сум меѓу луѓе. Се случува од време на време да сакам квалитетно да си поседам дома, но тоа е веројатно заради умор.

Сакам и книга и филм.