Утринско Франк кафе со Данче Станковиќ: Ме мотивира бескрајната енергија на ќерка ми

Идеалните утра секогаш ми почнуваат со врело кафе, кое сакам да го испијам сама. Потоа следно е долгото гушкање и будење на ќерка ми, доручек и планирање на обврските кои секојдневно ми се со различен тек.

Ме мотивира сечија искрена насмевка, „Добро утро" од непознати лица на улица. Џагорот на децата пред зграда. Но најмногу бескрајната енергија на ќерка ми, покрај која не смеам да бидам без мотив.


Работните обврски секојдневно ми се менуваат со оглед на тоа што го работам. Единствена секојдневна обврска ми е да си ги измијам четките. Ретко имам секојдневна рутина. Но во тоа ја наоѓам убавината на мојата професија. Најдоброто нешто е резултатот од предизвиците - нови и неизбежни познанства и пријателства.

Совршените денови ми завршуваат со долги и спокојни прошетки во друштво на ќерка ми, ја спомнав неколку пати, за жал веќе настапи периодот кога попладневните прошетки ни се ограничени заради загадувањево, а тоа ни претставува реална потреба.

Не сум љубител на било какви екрани. Би сакала да немам потреба да ги користам. Но кога времето е на моја страна, повеќе сакам да читам.


(Данче Станковиќ- мурал артист)