Утринско Франк кафе со Дарио: Мотив ми се љубовта и инаетот

Денот ми започнува со свежо цеден сок кој обично го пијам сам во моето кафуле „МИГ 21“ или дома, а дури подоцна по појадокот како некаков десерт, може инцидентно да се напијам ирско кафе во друштво, затоа што стандардно кафе не сум пробал никогаш во мојот живот. А и не планирам. 

Во зависност од расположението, плановите и желбите, може да ме мотивираат милион различни работи, почнувајќи од убав сончев ден, фанатична љубов кон нешто, одличен хонорар, инат, па сѐ друго понатаму.

Обврските кон моето семејство пред сѐ, потоа дневните планови во „МИГ 21“, договарања и снимања на интервјуа за повеќе балкански портали и радио станици, секојдневна комуникација со фанови на социјалните мрежи, влегување во студио и подготвување на песни.. Доволно, нели?

Денот вообичаено го завршувам со задолжитено движење пешки или со точак вон уличниот метеж, на кеј или евентуално лесна шопинг прошетка во блиските трговски центри, а потоа вечерта на раат дома со семејството.

Немам баш премногу време ни за филм ни за книга, но сепак добриот филм е пократката и попрактична верзија во денешно време.