Утринско Франк кафе со Димитар Мичо Божиков: Кафето го пијам со невестата и со гитарата

Се будам во 6 часот, а како сум задолжен за утринското кафе веднаш се фаќам за правење. Кафето го пијам во друштво со невестата и нормално со гитарата, вежбајќи. Мотивацијата ја барам во сѐ околу мене, почнувајќи со музиката, а завршувајќи до најобичните работи. Ме радува кога нештата ги правам совршени. 

Во моментот сум ангажиран на мојот најнов самостоен проект, така што повеќето време сум во моето студио. Неизбежна е и работата во дворот, заедно со моите животинки. 

Jас сум фамилијарен човек така што неминовно е вечерта да си ја поминам со моите. Обично сопругата секогаш е расположена за друштво, јас нешто интересно ќе спремам за мезенце и „уз бира и муабет си ја тераме“. 

Ако начекам нешто од старата кинотека тогаш ќе ѕирнам некое филмче но не сум за седење по цел ден пред ТВ, а за книги ми требаат наочари.

* Димитар Мичо- Божиков, гитарист во „Меморија“ и во „Леб и сол“