Утринско Франк кафе со Гордана С. Момироска: Ме мотивира ширењето љубов меѓу луѓето

Доколку немам некоја задолжителна обврска да излезам порано од дома, денот го започнувам со толо утринско кафе или чајче што ги пијам заедно мајка ми, зачинети со слатки, женски муабети какви што само мајка и ќерка може да имаат. 

А честопати знаат да ни се придружат и комшиките па тој утрински ритуал преминува во вистинско, слатко задоволство. Ме мотивира ширењето љубов меѓу луѓето, несебична, сестрана љубов, почит и внимание се движечката животна сила што на овој свет се повеќе и повеќе му недостасува. 

Моите дневни планови и обврски зависат од периодот во кој имам или немам некоја работна активност. Во дадениот период кога имам работни активности тогаш тие имаат предност во моето секојдневие. Деновиве сум посветена на организација на 5. Меѓународен драмски фестивал за лица со и без хендикеп „Игри без маска“ кој ќе трае три дена во МНТ на малата и на големата сцена: денес, во среда и во четврток. 

Моите работни активности не познаваат работно време од седум до три, тоа значи дека кога се има работа и треба итно да се заврши, тогаш се останува и до длабоко во ноќта, и тогаш се нема време за приватност. Инаку, во периодот кога немам некој проект пред реализација и имам малку повеќе слободно време за себе, тогаш времето и дење и ноќе, со задоволство им го посветувам на саканите, на најблиските и на моите добри пријатели со кои секогаш се чувствувам препородено, тие се мојот душевен лек. 

Со книгата се дружам откако знам за себе, јас го обожавам пишаниот збор, а кога сум многу уморна, тогаш знам да пуштам некое филмче но за жал заспивам пред да го видам крајот.

* Гордана С.Момироска, преседател на ЗГ “Свет на различни а еднакв