Утринско Франк кафе со Јасмина Апостолоска: Навечер ги резимирам најубавите и најлошите моменти во изминатиот ден

Денот ми почнува динамично, па првото утринско кафе следува подоцна, кога доаѓам на работа. Наутро, се подготвувам себеси и мојата ќерка Нина за денот кој следува и користам можност од неа да апсорбирам позитивна енергија и ведрина, во количества која само децата ја имаат.

Ме мотивираат луѓе, нешта и ситуации кои се уникатни, автентични, креативни и од кои секогаш може да се научи нешто ново. Во светот на изместени вредности во кој живееме тие се навистина реткост.

Денот го минувам во канцелариите на „Fashion Group“ каде заедно со колешките од маркетинг тимот работиме на промоција на брендовите на групацијата. Секогаш кога имам можност се трудам да ги проширам своите знаења од областа на маркетингот, најновите трендови и тенденции за што поефективни кампањи. 

По завршувањето на работните обврски времето го користам за разновидни семејни активности, дружење со пријателите или посета на винтиџ средби организирани од страна на дамите од „Dobredojde Macedonia Welcome Centre“, одлично место за изнаоѓање на прекрасни модни парчиња и поддршка на еко концептот во модата.

За време на викендите, секогаш кога условите дозволуваат се трудам да поминам време во природа и што подалеку од градскиот метеж. Тоа е одличен начин за средување на мислите и подлога за нови креативни решенија за обврските кои следуваат.

Вечерта е период за релаксација, време за семејството и посета на интересни случувања како концерти, изложби или ревии. Она што сакам сакам да го правам секоја вечер и на што веќе ја учам мојата ќерка е да ги резимирам најубавите и најлошите моменти во изминатиот ден. Тоа ми дава можност секојдневно да учам за вистински важните работи во животот.

Читањето книги го претпочитам во последно време,но исто така љубител сум и на серии најчесто со тематика која  опфаќа авантури или мистерии.


( Јасмина Апостолоска- маркетинг менаџер во „Fashion Group“)