Утринско Франк кафе со Катерина Чејковска- Новачкова: Зборовите на татко ми ме водат кон успехот

Со оглед на тоа дека мојата канцеларија се наоѓа под станот на моите родители, првото утринско кафе во работната недела го пијам со мојата мајка и со сестра ми, а за време на викендите тоа го правам со мојот сопруг.

Адвокатурата како професија ја учев од мојот покоен татко, адвокатот Кирил Чејковски, така што мојата мотивација би била да бидам достојна негова замена. Неговите зборови секогаш ќе ме водат кон патот на успехот, бидејќи беше докажан во својата професија. Тука е и моето семејство кое ми ја дава најголемата мотивација во работата. 

Моите обврски се поврзани со работниот ден, како и плановите, дали е тоа ден поминат во суд, или пак е ден поминат во канцеларија со странки- секогаш е различен. Но, знам да украдам време за себе и да одам да вежбам, или пак да возам велисипед бидејќи ме релаксира. 

Вечерните часови се секогаш резервирани за моето семејство и за моите пријатели. Уживам во времето поминато со нив. Времето со моето семејство е како на рингишпил, с ѐ е турбо, но горди сме со мојот сопруг што растеме и воспитуваме две прекрасни ќерки, Миа која е прва година во средно училиште, и Мина која е шесто одделение. Еден тинејџер и еден полутинејџер е нерскинлива комбинација за дружба.

Книги и филмови, ова ми е омилена тема. Зависник сум од книги, читам секогаш кога можам, ако треба да бирам жанр и за книги и за филмови тоа би бил трилер (професионална деформација). 

Ги сакам делата на Роберт Ладлам, Ден Браун, Стивен Кинг, а од филмовите посебно ги сакам од Мартин Скорсезе (Inception,Shutter Icland,Silence). 

* Катерина Чејковска- Новачкова, адвокат