Утринско Франк кафе со Мијата: Период во знакот на мојот кабаре-концерт

Добивај вести на Viber

Немам конкретна рутина затоа што распоредот за на работа ми е променлив.  Ако сум утринска смена тогаш кафето го пијам со колегите на работа,  а доколку сум дома го пијам во кругот на семејството.  Некој пат знам после ноќна смена да појдам кај мајка ми и со неа да го испијам првото кафе.  Но тој филџан турско кафе наутро ми е најважното кафе. 

Главен мотив ми е мислата "што можам денес да направам за другите, и да го направам тоа најдобро што можам". Генерално сум многу подобар работник одошто менаџер.

Периодов е во знакот на организација на акустичниот кабаре концерт "Јаболки и Круши за уметнички души"  со кој за прв пат ќе се претставам концертно пред скопската публика на 30 ноември во Македонската Филхрамонија.

Попладневните часови се ексклузивно резервирани за најблиските. Иако првата половина од денот ми е екстремно динамична не може да го надокнади копнежот по Калин и Никита и нивните прегратки. 

Неколку години наназад телевизорот кај нас е пуштен или на спорт или на цртани.  Ретки се филмски вечеринки.  И тоа ми недостасува. Чезнеам за убав филм а најчесто од физички премор не можам ни да го догледам.