Утринско Франк кафе со Мишко Мартиновски: Децата ми се животна инспирација

Утрото ми започнуваа рано, со подготовка на моите две женски (пингвинчиња) за во градинка. Тргнуваме со трчање и со песна.

Од градинка патот ме води на моето ново работно место „О.У Димитар Миладинов“ каде што работам како наставник по физичко од прво до петто оделение кое е проект преку Општина Центар и Факултетот за Физичка Култура. Со многу емоции го кажувам ова, зашто моето детство сум го поминал во истото школо, а сега дури по а 20 години повтпорно сум таму како наставник. Првото кафе го  пијам со моите нови супер колешки кои ме прифатија одлично.

Мојата инспирација за животот се децата. Моите две, Мила и Бисера, преку 500 ваши ама и мои, членовите на пливачкиот клуб „Пингвин“. Насмевките на сите тие деца, љубовта спрема нив и работата која си ја работам од срце, а ми била животна желба. Секојдневно по часовите, одам да си ги земам ќеркичките  од градинка и тука имам кратко ама слатко време да поминам со нив: на лулашки и да се почастиме по некое благо.  Децата ги предавам дома на сопругата и го продолжувам денот во брзо темпо.

Секојдневно, веќе 13 години по ред попладнето го поминувам на Олимписки базен каде што работам како тренер во својот пливачки клуб „Пингвин“, и ме релаксира работата и дружењето со моите „пингвинчиња“. Поради голем интерес, школата се прошири и на базенот во Џевахир Скај Сити. 

Вечерта завршува со прошетка или со гушкање со моите три супер женски. Моето мото е: За здрава нација, вежбаме со гаранција. Спортски поздрав !

* Мишко Мартиновски, тренер по пливање