Утринско Франк кафе со Наде Талевска- Спасовска : Колку е потежок предизвикот, толку е помотивирачки

Најчесто сама го пијам првото утринско кафе, затоа што на мојот сопруг работните обврски му започнуваат во мугрите, а јас подоцна се будам. Но, кога е дома за викенд, секогаш заедно го почнуваме денот со кафенце и со нашите намили малечки.

Најголема мотивација ми е добар предизвик. Колку потежок, толку е помотивирачки. Често сопругот тоа знае добро да го направи, затоа што сега, по речиси 10 години заедно многу добро ме познава. А тоа веќе го научија и многу мои соработници, па често го користат предизвикот како мотивација за мене, затоа што најверојатно сум покажала дека тогаш најдобро се снаоѓам.

Земајќи во предвид дека сум мајка на три мали момчиња, можете да замислите како врват моите денови. Се разбира, во последно време многу се концентрирам и на мојата кариера, па во текот на денот наоѓам време да посветам и на тоа.

За разлика од утрата, попладне и навечер е време за фамилија, доколку немам работни обврски. Мојата кариера е таква, што сите претстави и концерти се најчесто од 20 часот па натаму. Но, кога сум слободна сум дома со моите најмили.

Во принцип, кога сум сама задолжително земам книга да прочитам- дочитам, но најчесто кога сме заедно со сопругот преферираме некој интересен филм или серија да изгледаме заедно, филмомани сме. 

* Наде Талевска- Спасовска, оперски уметник, солист на главни улоги во Македонската опера и балет.