Утринско Франк кафе со Наталија Данаилова: Ме мотивираат луѓе полни со љубов и разбирање

Првото утринско кафе го пијам дома. Ако е топло времето, надвор во дворче или на тераса со поглед на цело Богданци, а ако е студено дома покрај камин. Најчесто го пијам со мајка ми и понекогаш и не е толку утринско, а на мама може да и е второ (се смее).

Дневните обврки зависат од вечерните свирки. Обврските се повеќе навечер, настапи низ повеќе градови во Македонија. Периодов сум фокусирана околу мојот прв концерт „Сé за тебе“ насловен како и албумот, закажан на 9 декември во Домот на култура во Богданци. Се подготвуваме да ни биде убав овој предновогодишен концерт, и на учесниците и на гостите.

Ме мотивира музиката, ме мотивираат луѓе отворени и полни со љубов и разбирање за другиот. Ме мотивира секој ден заедно со сите искуства што ги носи.

Ако не сум ангажирана да пеам, ноќите ги поминувам со пријателите и фамилијата. Кога сум слободна сакам да читам книга или да гледам филм. Понекогаш си правам и филмски маратон од неколку филмови и цртани.

*Наталија Данаилова, естраден уметник