Утринско Франк кафе со Оливер Пап: Ме мотивира пофалбата и неправдата

Денот ми почнува со добра музика и кратка мозочна гимнастика кои обврски се приоритетни за завршување. Утринското кафе сам си го правам и сам си го пијам.

Моите дневни обврски се испреплетени со две различни работи. Бирократија и креативност. Бирократските работни задачи ги завршувам во текот на денот, додека ноќта е резервирана за работа на креативно поле.

Ме мотивира пофалбата и неправдата. Пофалбата како позитивен импулс за добро сработена работа. Неправдата како негативна појава која ми дава гориво да ја истуркам работата и да докажам дека ништо не е готово додека спроти мене стои неправда.

Како ми завршува денот зависи од периодот и моментот. Некогаш денот ми завршува со добра попладневна дремка, а во текот на ноќта работа на креативно поле. Кога се работи за слободни денови претпочитам физичка активност и рекреација. Во тој случај ноќта ја поминувам или со друштво и пријатели, или во последно време се почесто дома во кругот на најблиските.

Мојот избор дефинтивно е книгата. Што се однесува до филмовите вниманието ми го задржуваат единствено квалитетни документарци.

* Оливер Пап, Извршен продуцент на детскиот фестивал „Поточиња“