Утринско Франк кафе со Татјана Биџовска: Ме мотивира обичниот живот

Денот ми започнува со првото утринско кафе кое најчесто го пијам сама, и тогаш наоѓам и слободно време за творење, односно за пишување на романите.

Ме мотивираат обичниот живот и обичните луѓе. Така е и насловен мојот прв роман кој излезе минатата година . Едноставно „Обичен живот". Ме мотивираат и ме инспирираат кратки фрагменти од нечија судбина, кои ми оставаат силен впечаток и некаква трага во мојот живот. Првиот роман „Обичен живот“ се продаде во околу 200 примероци и доби одлични критики. На прв поглед, нема никаква допирна точка со вториот роман „Судбини“ но во изработка е третиот роман, „Круг“ кој симболично е нарерчен вака затоа што на чуден начин ги вплеткува судбините на личностите од првиот и од втотиот роман и го затвара кругот. И можеби ќе звучи како клише, ама животот ги пишува сите романи.

Дневните обврски се како и кај секоја македонска жена . Но, не ми преставуваат никаков проблем а понатаму наоѓам време за дружење со пријателки и со пријатели со кои испивам некое кафе . Уживам во дружењето, бидејќи се држам до девизата дека од секој човек можеш да научиш нешто. Од некој што треба, а од некој што не теба да правиш.

Денот ми завршува со семејно дружење . Најчесто во попладневните часови се собираме сите дома . Разговараме, и уживаме во попладневното кафе.

Инаку во слободното време сакам да отидам на некоја театарска претстава, на некој концерт, или пак вечерта да ја поминам во кругот на семејството, читајќи книга или гледајќи некој добар филм. Искрено кажано, во последно време сум закачена на француски серии. 

* Татјана Биџовска, писателка