Утринско Франк кафе со Владо Димовски : Денот ми почнува со украдена насмевка

Добивај вести на Viber

Денот ми почнува со украдена насмевка од мојата сопруга. Потоа сѐ е полесно. И кафето ко да ми се смее. Ме мотивираат внуките.

 Особено кога сме опуштени и инспирирани за некоја моја тазе измислена игра. Никогаш ништо не сум планирал бидејќи имам лошо искуство со однапред смислени ситуации. 

Вака, отприлика ги знам обврските и сѐ трудам да ги завршам. Во последните неколку години интензивно се дружам со кујната. Се растурив од манџи правење. Денот се обидувам да го истресам од дневна политика и да го затворам со некоја идеја за нова книга или некаков нов проект. Инаку навечер знам да изгледам некој филм заедно со сопругата бидејки вкусовите ни се слични.

* Владо Димовски, писател