Утринско Франк кафе со Влатко Лозаноски: Денот ми завршува со хумористични серии

Обично денот го почнувам веднаш со доручек, па првото кафе го пијам дома, а после тоа со друштво во локално кафуле.

Скоро секојдневно на мојата агенда има спортски активности, фудбал или фитнес и нормално работните активности поврзани со музиката.

Најмногу од сè ме мотивира публиката, нивната желба да чујат и да видат нешто повеќе од мене, како и мојата голема желба континуирано да се натпреварувам со себе, односно да се надоградувам.

Денот ми завршува со хумористични серии кои ги има во изобилство на нашите кабловски, а друштвото секогаш сакам да ми е комотно и пријатно.

Ако избирам, секогаш повеќе сум за филм. Книги сакам периодично, мојата сестра е повеќе по книгите и континурано знам дека ги конзумира.


(Влатко Лозаноски- пејач)