Утринско Франк кафе со Жанко Голабоски: Донесете си кафе, вода и плинско имаме

Денот ми почнува со будење нормално, хахаха. Прво си мавам еден шамар и ако ме заболи значи добро е, жив сум. И после како „свако живо биќе“ си мијам лице, уши, врат- така не учеа на школо, додуша јас миејќи го лицето ја мијам и главата, немам контрола. И после се знајт- појадок, па ќе го јавнам точакот и правец во „Супер радио“. Ова се случува наутро од 7 до 8 часот. 

Во радио почнувам од 8 со утринската емисија „Охриде не бери гајле“ заедно со диџеј Тони Џомба , и еве ја тераме 14-тата година. Е сеа, велет првото кафе испиј го со тој најмногу шо го сакаш, а тоа значи значи сам, хахаха. Но, јас го пијам со колегата и некој слушател кој ќе помине во радио. Нормално ги канам на кафе со зборовите:  „Повелете на кафе, и донесете кафе и шеќер, вода и плинско имаме“. 

Инаку, кафето е малку специфично, го правиме со инстант кафе, мед, цимет, путер може и малку кокос. Не е шега, пробајте. Топ е! И така до 10 во емисијата, позитивен утрински муабет, одбрана музика и со нашите сограѓани заедно го фаќаме ритамот на весела дружба. 

Плановите, обврски,овие денови ми се ангажирани со екипата од „Зш авантура“ со Мовебмер. Ќе има доста забави, дружење и предавања од познати доктори за машкото здравје, а и соработка со „Мо браќата“ од други градови. Дел од денот сум на тренинг претежно во планина, воедно сум дел од обуката за планински водичи УИМЛА, а паралелно и на обуки за спасителна горска служба. Малку вежбам и во теретана и така комбинирано. 

Шо ме мотивират? Движењето и дружењето со луѓе, планината, точакот, кафеаната љубовта.  Најбитно е да си создадете круг на добри и позитивни луѓе и покрај работата, и цел ден ќе ви поминува во смеа. Планината е најдобар пријател, го чисти умот од лоши мисли и го полнит срцето со позитивна енергија. 

Е сега, денот не знам како мојт да завршит. Можит и в кафана, ама најубо е на слава или визита пошто на гости не се плаќат. И така раздвижено, цел ден се е блиску, за 5 минути си до која сакаш дестинација во градот (со точак нормално) ќе се видиш со повеќе луѓе, нешто ново ќе научиш, ќе помогнеш и така. То е предноста на мал град,Охрид, не знам шо избегаа у Скопје? 

Филм одамна не сум гледал, а книга чат-пат. Денот нормално завршвит со то шо си легнувам да спијам. А со кого ја минувам вечерта? Па не знам како да ти кажам, со една, ама не ја познаваш, хахаха. 

* Жанко Зш Голабоски, радио водител и актер