Утринско кафе Наталија Ангелиус: Денот ми почнува со многу гушкање

Поради обемните, но и професионално различни дневни обврски, моето секојдневие од ден во ден драстично се разликува, но одредени ритуали сепак имаат иста карактерна слика истите и ќе ви ги опишам.


Денот ми почнува со многу гушкање и бакнежи за добро утро и убав ден со моите три деца, потоа следува средувањето и заедничкиот појадок, ги испраќам ќерка ми и средниот син во школо, а најмалото синче кое е дете со аутистичен спектар го носам со кола до школо, бидејќи учи во специјално училиште кое се наоѓа на неколку километри оддалеченост. Од како ќе се вратам, поминувам во маркет и пазар за домашните намирници и првото кафе го пијам во домот каде во мир и тишина ја креирам дневната агенда и ги закажувам состаноците кои подоцна треба да ги реализирам. До колку се чувствувам доволно енергично за истите продолжувам, но доколу обврските се обемни тогаш одам да возам картинг со што си ја генерираm дозата адреналин. Наредно, следуваат теренските обврски- проверка на магацините, транспорт на роба и производствени ресурси до фабриката, пречек на готова роба за во продажен салон или извоз и царинење. Носење примероци од производите за испитување и сериско одобрување, проследување на документација за истите. Од како ќе ги завршам обврските од овој тип, одам во продажниот салон на Медобил кој се наоѓа во ГТЦ, а во чијшто склоп е и мојот работен простор. 


Второто кафе го пијам со персоналот, разговараме за продажбата, искуствата со клиентите и општиот тек на работата. Во наредните час два разговарам или одговарам на пораки на клиенти кои се со специфична медицинска слика и имаат потреба од дополнителна стручна консултација. Потоа го средувам делот со документите кој би ми бил потребен за утрешниот ден. Комуницирам со персоналот од фабриката за да бидам информирана со капацитетот и реализираниот дневно производствен лагер. Пред излегување ги проверувам порталите и најновите информации кои ја опфаќаат проблематиката со аутизмот. Од како ќе ги завршам сите работни обврски ми почнуват релаксираниот период од денот со блиските соработници или пријатели во омилениот ресторан каде во пријатна и опуштена атмосфера го пијам третото кафе.За да го одделам професионалниот дел од приватниот, одејќи накај дома имам ритуал слушање музика во кола и возење, доколку имам повеќе време идам на некое помирно место и половина час или час читам книга, најмногу вниманието ми е насочено кон мотовационо психолошките тематики. Вечерта ја завршувам со децата во домашна атмосфера каде разговараме за тоа како ни поминал денот, гледаме филм потоа машките заспиваат а со ќерка ми бидејќи е тинејџер остануваме до подоцна разговарајќи како најдобри другарки. Пред заспивање секогаш применувам мантра на благодарност за сите предизвици што ми ги донел денот и за сета сила со која успешно сум ги надминала.


Прв мотив сум самата на себе, секој ден креирирам сопствена афирмација која на крајот е дополнета со: јас можам!

Втор мотив ми е среќата, како сопствената така и на сите други кое се во моето опкружување.


И трет мотив е мојата компанија и брендот Медобил којшто 20 години е без конкурентен лидер во категорија производи за здраво и сигурно слабеење, како во Македонија така и во целиот Балкан.