Утринско кафе со Александар Белов: Просто го обожавам спортот

Првото утринско кафе бар за мене е нешто кое не може да се одложи, или во превод денот започнува после утринското кафе по кое следи доручекот кој го означува почетокот на новиот ден.

Со оглед на тоа што мојата професија е таква да е поврзана со публиката, тоа значи дека најголемата мотивација ја добивам од нив. 

Работните денови во мојата недела, во принцип се деновите од викендот, па така да обврските и плановите ги реализирам преку недела, во текот на неделата наоѓам слободно време да пешачам, ја обожавам пролетта, времето го користам и за проби со моите колеги, едноставно секој ден е различен и исполнет со музика, а тоа е тоа што ме исполнува. 

Вечерта кога не работам ја користам за опуштање, моите најблиски знаат дека сум фан на фудбалот па со друштво знам да погледнам некој фудбалски натпревар, а ако нема ништо интересно се префрлуваме на нашата играчка за возрасни-плејстејшн. Иако физички не сум спортски активен многу, спортот ми е нешто кое после музиката просто го обожавам. 

Книгите искрено ги запоставив во последно време, но затоа филмовите се нешто кое никогаш нема да го запоставам, што е јасно да ако треба да изберам филмовите се дефинитивно мојот избор.

*пејач и дипломиран маркетинг менаџер