Утринско кафе со Александар Миндев: Се мотивирам од самиот себе, но и од задоволните лица на клиентите

Добивај вести на Viber

06:55 Време е за будењее..Утро со јако горко кафе зачинето со малку мир, многу тишина и доволно спокој за да денот може да започне.


Денот се движи со јако темпо, од доручек со пријатели пред да дојдам на работа до сет сликање или снимање после работа во зависност од тоа која смена сум. Многу клиенти, многу луѓе околу мене, работни обврски, размена на енергии, прилично динамично секојдневие, тоа е тоа што всушност ме движи, самиот процес на комуникација како со клиентите така и со колегите па и со останатите луѓе кои ги среќавам во текот на денот и секако креирање на убави нешта бидејќи ја работам најубавата работа на свет.

Најчесто се мотивирам од самиот себе, вербата во тоа колку можам, и колку ќе сум истраен во работите што ги сакам.

Задоволните лица на клиентите се исто големи мотиватори и нема поголема среќа и мотивација кога ќе видам задоволно лице на клиент.

После 19:00 часот најчесто сакам да се осамам и да избегам од целата таа гужва што ме прати во текот на денот, skin care е неизбежен дел од вечерните ритуали, тука е и чајот од нане, а друштво до заспивање ми прави некое од видеата на Ана Бучевиќ.

Немам цврста навика за читање, може 5 месеци секојдневно да читам а може и месец-два ништо да не прочитам, но секогаш се околу мене Луиза Хеј, Естер и Џери Хикс. Моментално ја чекам последната сезона на “The bold type” и ми е пре криво што е последна, зашто ниту една не успеала да ми го задржи вниманието како оваа.


 (*Александар Миндев - стилист за коса и шминка)