Утринско кафе со Александра Шијакоска: Ме мотивираат силни девојки кои успеале по тешко минато

Денот ми почнува со чаша лимон со мед и ѓумбир. Кафето го пијам подоцна после доручек. Моментално живеам сама така што уживам во времето посветено на себе.

Наоѓам мотивација во буквално се. Силни девојки кои имале тешко минато или тежок живот па успеале. Ме мотивира семејството и моите пријатели кои веруваат во мене и несебично навиваат за мене, исто и луѓето кои ме следат не би сакала да ги разочарам па тоа ме мотивира најмногу.


Еден ден во неделата правам план и гледам да се држам до тој план. Еден ден оставам за чистење и за домашни обврски, еден ден за да го видам дедо ми, останатите денови работам. После сликање одам да ги видам родителите, да пијам кафе со некој од пријателите или да си поиграм со внуците. Иако живеам сама, навикната сум да ги гледам родителите така што немаат спас од мене 


Денот ми завршува со спремање за наредниот ден. Со оглед на тоа дека сум спанка можам да стигнам на време само ако се ми е спремно и смислено од претходниот ден. Исто кога ќе се разбудам сакам се да ми е средено и на место, така што домашните обврски ги средувам навечер. После тоа или одмарам или доаѓаат некои од пријателите, дечко ми, сестра ми па гледаме филм, играме карти или едноставно не правиме ништо. Благодарние на многуте пријатели и тимот никогаш не сум сама.


Да ме прашавте пред една година сигурно ќе кажев филм. Денес книга дефинитивно. Секое слободно време го користам да си прочитам некоја книга, дури заборавив како е да се гледа филм. Исто многу сакам да купувам книги. Моментално посреќна сум со нова книга отколку со ново парче облека


(*Александра Шијакоска - модна блогерка)