Утринско кафе со Анастасија Петрески: Модата е мојата инспирација

Утрото најчесто ми започнува со аларм,а тоа е поради училишните обврски кои ми останаа уште само за оваа недела.

Обожавам барем „неколку минутки“ после будење да ги поминувам во кревет со една чаша свеж сок додека ја гледам омилената серија,а тоа ми дава енергија и насмевка за остатокот од денот. Појадувам,за мене тоа најчесто се шпагети-моето омилено јадење.Поголемиот дел од денот го поминувам на училиште како и секој останат средношколец.Оваа година сум матурантка, па имам дилеми околу тоа каде да го продолжам образованието,би сакала тоа да е на некој од факултетите за моден дизајн кај нас,а понатаму да се запишам на магистерски студии во странство.

Кога и да имам слободно време го користам и се посветувам на тоа што го сакам најмногу,илустрирањето,но мора пред сѐ да сум доволно одморена и сконцентрирана,а тоа зависи од активностите во денот.Обожавам да цртам модни илустрации,тоа ме релаксира и ме исполнува.Заборавам на сѐ и се внесувам во некој мој друг замислен свет на модните икони.Активно почнав да цртам оваа година,би сакала уште повеќе слободно време за да можам се повеќе и повеќе да се надоградувам бидејќи не е во прашање само талент туку и три пати повеќе напорна работа за добар успех.Исто така сакам да посветувам внимание и на мојот изглед,секогаш да носам добро искомбинирани парчиња па за да се подготвам за излегување потребно ми е околу 1 час,но за на училиште обично практикувам лежерен стил.После школо сакам да издвојам барем половина час на џогирање за да се чувствувам поздраво.Додека телефонот ми е во рака постојано следам и читам што се случува во модниот свет,кој се најновите модни трендови,какви и како се претставени најновите колекции,кој е нивниот мотив како и пофалби и критики на истите.Тоа ме мотивира,а во исто време и ме инспирира.

Сметам дека секој дизајнер треба да има свој препознатлив и впечатлив стил кој нема да потсетува на ниеден друг,со еден збор да биде уникатен и постојано да се бори и придржува на тоа за да остане на тронот.Тоа е најтешкото нешто што треба да го стекнам и надоградувам за да продолжам во насоката по која веќе сум тргната.Ќе ги издвојам Донатела Версаче и Карл Лагерфелд како едни од омилените кои ме мотивираат со нивната работа.

Во вечерните часови обично сум со моите најблиски и споделуваме како ни поминал денот или излегувам во бар со пријателите.На крајот од денот се релаксирам со некој добар филм или па најчесто серија како и скролање по Инстаграм.