Утринско кафе со Андреј Ѓорѓиески: Вечерта е резервирана за ќерка ми Јана

Секое утро стануваме сите тројца (јас,Јана и сопругата Наталија) околу 7 часот и правиме кафе за мене и Наталија и млеко со какао за Јана, додека гледа цртани. Потоа се подготвуваме и ги носам и двете, едната на работа, другата во градинка.

Нашата работа со музиката е повеќе вечерна, па преку ден можеби немам толку обврски, но навечер знам или да бидам во студио или преку викенди некаде на настап низ државата.

Ме мотивираат повеќе нешта кои ми даваат елан и желба за да му се радувам на животот и да уживам во него, а меѓу многуте такви нешта, меѓу поважните ми се : мојата ќерка Јана, фамилијата, музиката, пријателите...

При крајот на денот, времето го поминувам во друштво на најблиските пријатели, слушајќи музика и пиејќи пиво, а вечерта е резервирана за Јана и играње пред спиење со неа.

Искрено не читам многу, но многу сакам да гледам документарци на моите омилени тв канали како: Viasat History, National Geographic, Discovery..