Утринско кафе со Андријана Илиоска: За најголем мотиватор се сметам самата себеси

Еден мој вообичен ден започнува со здрав оброк, односно доручек. Подоцна правам план за обврските што ми престојат во текот на денот. Утринското кафе најчесто го пијам со мајка ми и татко ми, проследено со добар разговор.

За најголем мотиватор се сметам самата себеси, бидејќи секојдневно се трудам да бидам подобра од тоа што сум била предходниот ден. Моето семејство и најблиски ми даваат безусловна поддршка во секој следен чекор.

Секој нов ден ми поминува различно, а каков ќе биде, зависи од тековните обврски. Доколку имам некој професионален ангажман, тогаш денот ми поминува во подготовки за негова успешна реализација. Ако сум слободна, тогаш времето си го посветувам себеси и на моите најблиски. Одам во теретана и ги завршувам обврските поврзани со факултетот.

Секојдневно имам премногу активности, па затоа денот ми завршува во релаксирана атмосфера. Вечерта ја поминувам со моето семејство. Најчесто гледаме филм.

Љубител сум и на добра книга и на добар филм, во зависност од расположението.

И морам да напоменам, дека се уште сум под импресии од настапот во Либан, Бејрут на изборот „NEXT WORLD TOP MODEL 2020“. Голем успех за мене е титулата прва придружничка, бидејќи конкуренцијата беше голема. Се претставија околу 40 модели од исто толку држави од целиот свет. Лиценцата за овој избор ја поседува модното студио „Црнокрак“, кое во Либија ја искористи можноста за средби и договори со скаути од целиот свет, кои присуствуваа на финалето, за ангажирање на наши модели во интернационални модни агенции.

(*Андријана Илиовска, прва придружничка на изборот „NEXT WORLD TOP MODEL 2020“)