Утринско кафе со Ангела Михаилов: Кога си ја сакаш работата сè се завршува со леснотија

Работниот ден ми започнува уште во мугрите со подготовка за новиот работен ден, обврски околу спремање на синот за во училиште и ќеркичката за во градинка.

Првото утринско кафе секогаш го пијам во Кроациа осигурување Живот со колешките од Службата за позадинска подршка и маркетинг. Со првото кафе муабет се прави и план за денот и тековните работни обврски.

Најголема мотивација ми е насмевката на моите децата Матеј и Јана, и сопругот Сашко кој секогаш ме подржува и семејството. 

Веќе трета година работам прием во осигурување и искрено можам да кажам дека ме мотивира работата што ја работам и предизвиците во неа, каде што секогаш можам да научам нешто ново и да се надоградам. Среќа е кога работиш во компанија во која имаш можност да научиш од најдобрите. Ме мотивира добро сработената работа, задоволни и среќни клиенти.

Работниот ден ми е максимално исполнет со работни обврски: комуникација со осигуреници и колеги од сите продажни канали, проверка на точноста на податоците, проверка на документација, контрола и достава на медицинска документација, комуникација со Доктор цензор, и да не набројувам има уште многу, но кога ја сакаш работата сето тоа се завршува на време и со леснотија.

По завршување на работниот ден околу 16:30 часот, денот ми продолжува со децата.
Пишување домашна работа, читање, боење, гледање цртан филм.

Викендите ми се исклучително посветени на фамилијата.

Вечерта ми завршува со подготовка на утрешниот ден и за крај пред спиење, гледање на некој филм или серија.

*Ангела Михаилов – Менаџер за прием во осигурување во Кроациа