Утринско кафе со Аница Бебиќ: Најмногу ме мотивираат луѓе кои се борбени како и јас

Денот ми почнува обично рано.. Во одредени денови од сабајле имам pole fitness па така некој денови ми почнуваат со pole fitness но се разбира како голем љубител на кафе така и се будам .. Варам кафе тоа ми е како ритуал.. Никаде не излегувам без да  испијам барем две три голтки турско кафе или инстант..Мислам и дека нема таков љубител на кафе како што сум јас.. Може еден двајца што ги знам.. Потоа си правам смути и го планирам денот.. Со оглед на тоа дека сум цело време во движење облекувам тоа што ми е испланирано од вечерта.. Секако заборавив да кажам додека се спремам имам пуштено музика.. Впрочем и така ми почнува денот.. Со музика


Најмногу ме мотивираат луѓе кои се борбени како и јас ... Моите пријатели и моите дома кои ми се целосна поддршка во се.. Луѓето што одат до зацртаната цел.. Храброста, издржливоста, ме мотивираат луѓе кои се човечни кои даваат поддршка и имаат верба и издржливост.. Да не ги заборавам и луѓето со тешко минато а стојат цврсто на нозе и си го исполнуваат сонот без оглед на се..

Освен pole fitness на вечер вежбам и Aerial  Sling yoga.. Тоа се акробации на платно.. Се организираат и преформанси кои ми се особено драги и сум целосно посветена. 


Вежбањето ми е битно затоа што е психофизичка активност и како актер треба добро да изгледам и да сум физички спремна на сцена покрај тоа е и една плус вештина во моето CV.. Во обврски ќе го спомнам мојот папагал секогаш да е најаден и да има чиста вода.. А најголема обврска ми е да им се јавам на моите да им кажам дека сум добро оти можат и FBI и INTERPOL да го побараат со оглед на тоа дека не живеам со нив веќе неколку години но сум сеуште приврзана со нив.. Одделувам и време да извежбам на тапани и ако не секогаш ми се случува тоа.. Секогаш барам нови предизцици и вештини. Како актер битно ми е во секој поглед секојдневно да се надградувам себеси.. Се што ми  доаѓа во глава затоа што сум голем фантазер го запишувам во мојот тефтер никаде не идам без него.. Така да којзнае кога ќе ми послужат тие идеи ..


Денот ми завршува со хидратација на лице туш и потоа медитација.. На крајот од денот сакам да минам сама во тишина да средам мисли.. И ете си планирам што ќе правам и носам следниот ден.

Практикувам и книга и филм.. Некогаш повеќе читам а некогаш пак гледам филмови и серии.. Тоа го сметам исто како големо надградување на себеси.. Му велам на папагалот добра ноќ и го оставам во ходникот оти многу галами наутро .. Нема поранобудно суштество од него.. Лесно му е не иде на работа


(*Аница Бебиќ-актерка)