Утринско кафе со Анкица Влашиќ Гроздоска: Сликањето е мојата мотивација

Денот ми почнува сѐ уште релаксирано, со првото утринско кафе кое многу често го пијам со својот сопруг. Иако се занимавам со уметност, професија која ми дава слобода да го изберам времето кога ќе започнам со работа, утрото го сметам за нај продуктивен дел од денот.Еден типичен ден во ателјето ми започнува планирајќи го процесот на работа но штом навлезам во процесот на сликање работите се менуваат и во тоа е убавината.


Кога се работи за сликите кои ги работам, сите имаа една заедничка тема, а тоа е опкружувањето. Мотивацијата ја пронаоѓам во животнитe приказни на луѓето и начинот на кој размислуваат, иако многу ретко може да се види човечка фигура на моите платна, но затоа пак се присутни нивните делувања и приказни кои ги оставаат зад себе.

Дневните планови, обврските и динамиката на денот е секогаш зависен од она на што работам во моментот, дали пред себе имам ликовна изложба или работам на некој проект. Понекогаш дневните планови и обврски се поврзани и со моето семејство. Во суштина постои разноличност во деновите и времето си го организирам сама за што сум благодарна на мојата професија


Изложбата која се отвори на 4ти април во галеријата на НЛБ Банка е на тема „Звуци и еха“ и истата ќе биде поставена до крајот на месец април. Пораката е во самиот наслов и во мојата мотвираност да ги пренесам впечатоците од секојдневието поврзано со луѓето кои ме опкружуваат. Во Стразбург ќе бидам гостинка со дел од сликите на тема ,,Променада“, а отворањето е планирано на 4ти Септември. Изложбата ќе биде поставена во текот целиот месец. Во врска со деталите за оваа изложба, сѐ уште сме во преговори, затоа и само ја најавувам.


Денот секако дека ми завршува во друштво на мојот сопруг и семејството • Понекогаш со чаша добро вино и добар филм.


Сакам книги.  Една  од моите омилени книги е Moulien Rouge od Pierre La Mure. Moulen Rouge e новела базирана на животот на Тoulouse Lautrek и топло ви ја препорачувам.Околу филмовите, немам некоја препорака од причина што многу брзо го заборавам насловот на филмот без разлика колку е добар и го уживам.